
Струга Трим Лум со победи го чува врвот на табелата во Првата лига. Тимот на Шпетим Дуро денеска славеше лесно во Штип против Брегалница со 0-3. Христијан Малески во деветта минута донесе водство, а Бесарт Ибраими пред полувремето зголеми на 0-2. Третиот гол беше дело на Марјан Радески во 48.минута.
Шкупи го освои Кратово славејќи против Силекс со 0-2. Реналдо Цефас донесе предност за гостите во 49.минута, а Фреди Алварез од слободен удар со прекрасен гол во 67.минута го потврди триумфот.

Работнички беше подобар од Тиквеш во Кавадарци и победи со 1-3. Кире Маркоски обезбеди предност за „романтичарите“ во 21.минута, Марселин Гандо Биала зголеми на 0-2 во 41.минута, а капитенот Крсте Велкоски постигна трет погодок за гостите во 70.минута. Почесниот гол за Тиквеш се случи пред крајот на дуелот.
Скопје беше убедлив против Победа и славеше со 0-4. Омерагиќ го отвори резултатот, Тодоров зголеми на 0-2, а во вториот дел Хајдари и Даци ја испратија Победа кон второлигашкото друштво.
Вчера, Шкендија ја победи Македонија ЃП со 3-1.
ПРВА ЛИГА, 30.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ 0-3
СИЛЕКС – ШКУПИ 0-2
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 1-3
ПОБЕДА – СКОПЈЕ 0-4
ВЧЕРА: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal