
Лидерот Струга Трим Лум се разбуди кога беше најпотребно и ја совлада Шкендија со 1-0 во дербито на 15.коло во Првата фудбалска лига. Стрелец на победничкиот погодок беше Христијан Малески во 40.минута, откако искористи невнимание во гостинската одбрана, ја украде топката, излезе сам пред Захов и го совлада. Во продолжението, Шкендија имаше шанси да израмни преку Влатко Стојановски, но не успеа.
Шкупи беше домаќин во Кичево, но немаше проблеми да го совлада Скопје со 3-1 и да избие на втората позиција на табелата.
Марио Настевски во третата минута го изненади Шкупи за водство на гостите, но Реналдо Цефас израмни во 19.минута, а три минути подоцна Гаги Маргбелашвили се погрижи за пресврт. Потоа Шкупи постигна и трет гол и го реши мечот.
Тиквеш го победи Работнички со 3-0. Иван Ивановски во 26.минута го отвори резултатот, Даниел Миловановиќ во 57.минута зголеми на 2-0, а пет минути подоцна погоди и Николај Христов за убедлив триумф.
Академија Пандев конечно успеа да стигне до победа и тоа убедлива против Силекс на домашен терен со 3-0. Младите сили беа творци на успехот. Илија Донов донесе предност во 25.минута, а Димитар Трајков на почетокот на вториот дел ја удвои. До крајот „пандевци“ постигнаа и трет гол за потврда на триумфот.
Утре играат Македонија ЃП и Брегалница.
ПРВА ЛИГА, 15.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 1-0
ШКУПИ – СКОПЈЕ 3-1
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 3-0
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС 3-0
УТРЕ: МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal