Пријателскиот натпревар Охрид и Струга Трим Лум не го дочека крајот и на крајот наликуваше на „непријателски, а гостинската екипа одлучи да се повлече и да не го доигра натпреварот. Пред прекинот Охрид имаше водство 1-0.
Натпреварот почна мирно и првиот дел заврши без голови 0-0. Страстите на теренот се разгорија во второто полувреме. Прво „рибарите“ не погодија од белата точка, а претходно, гостите бурно реагираа поради досудениот пенал кај судијата Благојче Ралевски.
Во 60. минута, двете екипи останаа со фудбалер помалку. Црвени картони добија Митев од тимот на Охрид и Јахја од Струга Трим Лум.
Во 85. минута Охрид доби нов пенал. Александар Ристески во казнениот простор го собори Виктор Наумоски, а прецизен беше Љупче Трпески.
Само две минути подоцна, стрелецот на голот Трпески влезе во вербален дуел со Марјан Алтипармаковски. Охридскиот фудбалер поцрвене, а стратегот на гостите Срѓан Захариевски одлучи да ја повлече екипата. После прекинот настана мешаница и во тунелот и сето ова на крајот наликуваше на „непријателски“ тест дуел меѓу езерските соседи.
Фото: www.ohridnews.com
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal













