
Македонија ЃП и Вардар ремизираа (1-1) на дервито во Ѓорче Петров, а тоа ги врати „црвено-црните“ на врвот на табелата со 21 бод, идентично како и составот на Академија Пандев, кој вчера славеше против Шкендија во Тетово.
Даниел Аврамовски со шут од 18 метри во 46.минута го доведе Вардар во водство, но Македонија ЃП сепак успеа да израмни со голот на Ален Јашароски во 68.минута. Тој шутираше од работ на шеснаесетникот и го совлада Гачевски.
Силекс ја победи Ренова во Кратово со 3-0. „Гипсарите“ останаа со играч помалку во 26.минута по исклучувањето на Садики. Дејан Благојевиќ во 68.минута ги најавите трите бода за домашниот состав, а Дарко Додев во 82.минута и во 90.минута донесе убедлив триумф.
Струга Трим Лум славеше на гости против Работнички со 1-2. Стружани стигнаа до триумф на арената „Тодор Проески“ со головите на Клисман Цаке во 10.минута и на Флорент Османи во 73.минута. Давид Тошевски погоди за Работнички во 52.минута од натпреварот.
Во финишот беше досуден пенал за Работнички, а голманот Урош Ѓуриќ го одбрани ударот на Петар Петковски. Беше исклучен Нијас Лена.
Борец го совлада Шкупи со 2-1 во Велес. Марин Јурина во 23.минута обезбеди предност за гостите од Чаир, но само пет минути подоцна израмни Симеон Христов. Велешани стигнаа до триумф со голот на Никола Прелчец во судиското продолжение од мечот.
ПРВА ЛИГА, 10.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 1-1
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 1-2
БОРЕЦ – ШКУПИ 2-1
СИЛЕКС – РЕНОВА 3-0
ВЧЕРА: ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-1
Табела: Вардар 21, Академија Пандев 21, Македонија ЃП 16, Шкупи 14, Ренова 13, Силекс 12, Шкендија 11, Струга ТЛ 11, Борец 11, Работнички 10.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
