
Новиот шампион Струга Трим Лум покажа зошто оваа сезона мина прва низ целта. Тимот на Шпетим Дуро успеа да слави и на гости против Шкендија со 1-2. Аденис Шала донесе водство за тетовци во 58.минута, но потоа остана со фудбалер поради исклучувањето на Рамадани, а тоа Струга ТЛ го искористи за да слави. Буњамин Шабани беше двоен стрелец за гостите, во 79. и во 84.минута од мечот.
Шкупи беше убедлив на домашен терен против Македонија ЃП, победи со 3-0 и го освои второто место на табелата. Сандеј Адетунџи беше двоен стрелец, а погоди и Али Адем.
Силекс го совлада Работнички со 2-0, со головите на Марко Ѓорѓиевски во 19.минута и на Давид Манасиевски во 33.минута.
Академија Пандев и дефинитивно обезбеди опстанок откако одигра 1-1 на гости кај Брегалница. Дарко Додев ги доведе штипјани во водство, а израмни Димитар Трајков во 67.минута од дуелот.
Тиквеш го победи Скопје со 4-0, по што е познато дека тимот од „Автокоманда“ ќе игра бараж против Вардар за пополнување на Првата лига. Ивановски ја отвори серијата, Спахиу беше двоен стрелец, а погоди и Мирковиќ. Сето ова за десетина минути, во интервал од 65. до 75.минута.
ПРВА ЛИГА, 32.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 1-2
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-0
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 2-0
ТИКВЕШ – СКОПЈЕ 4-0
БРЕГАЛНИЦА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
