Connect with us

Страдањата им се мотив: „Некогаш игравме во кал, без копачки….сега се бориме за Европско првенство“

Село Лукар – 1997 година. Во близината на Приштина. Фотографија која отсликува како се играло фудбал на Косово пред повеќе од две децении. Страдањата од минатото сега им се главен мотив за да успеат да ја остварат целта.

Ова е пораката што косовските граѓани на социјалните мрежи им ја упатија на репрезентативците на Косово во пресрет на вечерашниот меч против Македонија на арената „Тодор Проески“, во обидот да изборат пласман на Европско првенство. Пред две децении тоа било речиси незамисливо… 

„Никогаш нема да го заборавиме нашето патење и страдање. Немавме дресови, немавме стадиони, немавме копачки. Ја имавме само љубовта кон државата и кон фудбалот. Сега дојдовме толку далеку за да се откажеме. Да се бориме и да победиме за татковината“, се вели во прогласот објавен на социјалните мрежи, како порака за фудбалерите.

 

? Llukar, 1997

Never forget our suffer and pain.

No jerseys, no stadiums, no boots.
Just the love for our country and football.

We’ve come too far to let go.
For the fight and win, for our motherland! ?? pic.twitter.com/gBDLb2E5hi
— Kosovan Football ?? | ? (@kosovanfooty_EN) October 8, 2020

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови