
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е пред трансфер во Ал Наср од Саудиска Арабија. Иако во изминатиот период се шпекулираше со негово можно заминување во Барселона, сепак, самиот Димитриевски тоа го демантираше, а многу пореална е понудата од Ал Наср.
Столе Димитриевски ги договори личните услови за трансферот, а преговорите меѓу Рајо Ваљекано и Ал Наср се во напредна фаза. Клубот од Саудиска Арабија треба да плати отштета од 4 милиони евра, плус дополнителни бонуси кои ќе зависат од успесите на Ал Наср во наредниот период.
Доколку падне и конечен договор, ете го Столе Димитриевски во првенството на Саудиска Арабија каде веќе настапува Езгјан Алиоски во дресот на Ал-Ахли.

-
ВАРДАР ПАК Е ПРВОЛИГАШ: Убедливо го победи Скопје во баражот (ВИДЕО)
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати во Првата лига откако убедливо го победи ФК...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022/23 ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга ТЛ ја освои историската прва титула шампион на Македонија, откако излезе победник во...
Автор makfudbal