Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски очекува дека ќе ја сочува мрежата мирна, но и бара голема поддршка од фановите за утрешниот меч против Грузија.
„Се подготвуваме максимално за утрешниот меч. Лично, очекувам да ја сочувам мрежата, а се надевам дека ќе успееме да оствариме важен триумф. Јас уживам кога играме на домашен терен зошто чувството е многу поинакво. Се надевам дека навивачите ќе дојдат во голем број и дека ќе не бодрат“, изјави Столе Димитриевски.
Натпреварот меѓу Македонија и Грузија се игра утревечер (20.45 часот), на арената „Тодор Проески“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













