Connect with us

Столе Димитриевски: Немам потпишано за друг клуб, сакам да останам во Рајо

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски негираше дека има потпишано преддоговор со Валенсија и дека од следната сезона ќе брани на „Месталја“. Тој вели дека сѐ уште нема донесено одлука и дека преговара и со Рајо Валјекано.


„Сè уште не сум ја донел одлуката. Разговараме со клубот, но одлуката не е донесена. Очигледно секогаш велев дека би сакал да останам. Сакам да останам, но тоа зависи од сите страни. Јас сум мирен. Сакам тимот да биде што е можно поблиску до врвот на табелата и да можеме да уживаме во фудбал каков што заслужуваат навивачите.

„Не сум потпишал за ниту еден клуб. Во последните три години имаше многу гласини и работи за мојата иднина. Среќен сум затоа што тоа значи дека добро ги правам работите. Мојата иднина не е решена. Мојот приоритет секогаш беше Рајо и сакав да останам во клубот. Кога има конкретна вест, со задоволство би потврдил дека останувам или ако треба да заминам, дека тоа ќе биде најдобро за сите страни. Би го потврдил тоа затоа што секогаш сакам работите да ги кажам в лице“, изјави Столе Димитриевски.

Тој вели дека многу работи зависат и од раководството на клубот.

„Ќе морам да ја почитувам одлуката на клубот. Ако клубот одлучи да бара друг голман, ќе мора да го прифатам тоа. Нормално е”, истакнува македонскиот репрезентативец за „Радио Марка“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови