
Барселона продолжи со губитничка низа. По поразот во „Ел Класико“ на домашен терен, тимот на Роналд Куман доживеа нов пораз, губејќи во Мадрид од Рајо Валјекано со 1-0. Тоа е и последен меч за Куман на клупата на Барса. Клубот доцна вечерва одлучи да му даде отказ.
Херој на мечот беше македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски кој му одбрани пенал на Мемфис Депај.
За Барселона ова е трет првенствен пораз во само десет натпревари.
„Имаме играчи кои треба да постигнуваат голови, можеби проблемот е во средниот ред, но не можам да се пожалам на тимот. Не ни беше лесно пред овој натпревар, постои голем притисок врз нас. Резултатот не е фер, но не можеме да го промениме. Игравме на наше ниво, но тоа секогаш не функционира во Шпанија. Подобро да не кажувам ништо повеќе“, изјави Роналд Куман.
Само еден час по завршувањето на мечот, Куман доби отказ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
