
Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, на денешниот меч со Малта прослави јубилеј – 60 одиграни натпревари во националниот дрес. Со тоа го достигна легендарниот Петар Милошевски.
„Пред сè сакам да се заблагодарам на Петар Милошевски, една легенда која беше нашиот голмански идол. Тој даде огромен придонес за македонскиот фудбал и фала му за сè. Тој беше еден од најдобрите голмани во Македонија и дај боже да дојде некој после 10 или 15 години и да ме достигне и мене. На денешниот натпревар со Малта најважно беше да победиме. Ние излеговме, немавме притисок, но сакавме да триумфираме како и на секој друг натпревар во дресот на Македонија. Најважно е дека ја остваривме целта“, изјави Столе Димитривски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе

Евро-фудбал
Челси го претстави Жоао Педро (ВИДЕО)
