
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е позитивен на Ковид-19, информираат шпанските медиуми блиски до Рајо Ваљекано.
„На тестовите реализирани од страна на клубот е утврдено дека имаме позитивен на коронавирусот“ – потврдија претходно и од Рајо Ваљекано.
Димитриевски во моментов е во домашна изолација без никакви симптоми. Бидејќи веќе извесен период е во изолација, согласно протоколите од Државниот здравствен инспекторат на Шпанија за него остануваат уште неколку денови надвор од тимот. Согласно информациите во сабота, по 14 изминати дена во изолација, Димитриевски го очекува нов тест кој доколку биде негативен ќе значи и негово враќање на тренинзите на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal