Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Храдец Кралове го игра вториот пријателски натпревар во овој мини циклус, против селекции што играат на Европското првенство. Чешка ќе биде новиот тест за Столе Димитриевски и за соиграчите.
Македонскиот голман вели дека само со максимална дисциплина на теренот може да се стигне до поволен резултат.
„Нормално дека Чешка е феноменален противник, затоа што таму е кадешто се најдобрите, на Европското првенство. Имавме два до три дена да се подготвиме за неа, треба да направиме некои корекции за да дојдеме до подобра дисциплина во играта и подобро да бидеме подготвени за мечот. Сакаме подобар резултат од претходниот, овој меч за нас е последен пријателски меч пред следните квалификации кои ни следат, така што гледаме на мечот како доста важен за да се формираме и стабилизираме за следните квалификации. Мора да излеземе на терен со максимална дисциплина, само така можеме до поволен резултат“, изјави Столе Димитриевски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













