
Реал Мадрид успеа со десет играчи да направи неверојатен пресврт и да ја победи Валенсија со 1-2 на „Месталја“, иако македонскиот голман Столе Димитриевски приреди фантастична партија.
Димитриевски блесна на голот, не беше совладан и после пеналот на Џуд Белингам во 55-та минута, кога Англичанецот го ппогоди дирекот, а потоа и успеа да го испровоцира Винисиус Жуниор да добие црвен картон по удар без топка. Но, и покрај сите напори на Димитриевски, „кралевите“ покажаа неверојатна борбеност.
Валенсија поведе со голот на Хуго Дуро во 27. минута, но Реал Мадрид се врати во игра во финишот. Лука Модриќ го израмни резултатот во 85. минута, а Џуд Белингам во 96. минута постигна победнички гол за „кралскиот клуб“.
Во последните моменти, Луис Риоха го погоди дирекот од голот на Тибо Куртоа во 100. минута, но среќата беше на страната на Реал Мадрид, кој однесе три важни бода.
И покрај поразот, Столе Димитриевски ја заврши вечерта како еден од најистакнатите играчи на натпреварот, добивајќи признание за својата неверојатна изведба.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal