Connect with us

Стојковиќ: Не сме фаворити против Словенците, но размислуваме за победа

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, не гледа зошто неговиот тим би бил фаворит против Словенија во натпреварот кој ќе се одигра денеска од 15 часот часот во Минхен.

“Ние не сме фаворити! Словенија започна одлично, освои бод и зошто ние би биле фаворити? Тежок натпревар, навистина мислам дека Словенија е силна… Кој мисли дека Словенија е лесна греши. Извонредно дисциплиниран тим, мотивиран, Матјаж Кек е одличен тренер, играчите исто така. Тим кој навистина може на секого да му направи проблем. Ние од наша гледна точка сакаме и можеме да ја победиме Словенија и работиме на тоа бидејќи ни требаат бодови. Ако Словенците бидат подобри, ние ќе им честитаме и одиме понатаму. Но, дека ќе им направиме проблем, тоа сигурно, тоа немојте да се сомневате“, изјави Драган Стојковиќ.

Тој вели дека на Европско првенство и не постојат големи фаворити.

„Нема тука фаворити, ние со Англичаните излеговме исто да одиграме добар натпревар и никој не размислуваше за резултатот или нешто друго. Излегуваш, добиваш шанса, повели и покажи што знаеш, колку можеш. Така ќе биде исто и денеска, така ќе дојде и мечот со Данците потоа. Секој натпревар е тежок, но јас не би бил тука ако не верувам дека можеме да победиме секого. Верувам во моите момци, во репрезентацијата и верувам дека можеме до победа, а секако нема да ја потцениме Словенија. Извонредно ги ценам и почитувам како играат“, истакна селекторот на Србија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови