Офанзивецот на француски Ним, Влатко Стојановски имаше одлично деби во дресот на Македонија. И покрај поразот од Австрија од 2-1 во Виена, Стојановски се издвои како најдобра алка во тимот на Игор Ангеловски запишувајќи го и својот деби гол во националниот дрес.
„Секој фудбалер е среќен кога ќе дебитира во националниот тим, задоволството кај мене е уште поголемо со оглед на постигнатиот гол. Но тоа е задачата на напаѓачите. Одигравме квалитетно второ полувреме во кое потврдивме дека може да се надигруваме и со најдобрите селекции во групата“ – изјави Стојановски по натпреварот во Виена, притоа дополнувајќи околу тоа дали сега очекува да биде стартер против Израле во Скопје…
„Не се прашувам јас премногу за израел туку селекторот, но доколку добијам шанса ќе се потрудам да ја искористам на најдобар начин и се надевам на победа на Македонија“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













