Connect with us

Стоилов: Мечот против Воска е еден од поважните во мојата кариера

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП се наоѓа на дното на табелата во Првата лига и затоа претстојниот натпевар против Воска, в недела од 14 часот е исклучително значаен за „лавовите“. На домашен терен ќе ја пречекаат Воска во еден од клучните натпревар за нив сезонава.


Ѓорѓи Стоилов истакна дека тоа е еден од поважните мечеви во неговата кариера.

„Натпреварот со Воска Спорт е еден од поважните натпревари во мојата кариера, ако освојување на било каква титула е круна на трудот на еден фудблаер, така и последното место во лигата е дното кое може да го почувствува еден фудбалер. Ќе го дадеме максимумот сите заедно в недела, и ќе пробаме да се извлечеме од оваа позиција каде што сме“, изјави Стоилов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови