Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг би можел да го напушти „Итихад“ до крајот на летниот преоден рок и да се пресели во Лондон. Тој е во преговори со Арсенал и со Тотенхем кои покажуваат сериозен интерес да го ангажираат крилниот напаѓач на Манчестер Сити.
По доаѓањето на Џек Грилиш, а со намера да го купи и Хари Кејн, Манчестер Сити мора да продаде дел од ѕвездите, а се чини дека најблиску до заминување е токму Рахим Стерлинг. „Граѓаните“ за него бараат околу 80 милиони фунти.
Арсенал би сакал да го има Стерлинг во тимот, но тоа се премногу пари во моментот за Микел Артета. Од друга страна, Тотенхем има варијанта да го добие Стерлинг како дел од евентуалниот трансфер на Хари Кејн во Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













