
Англија по продолженија успеа да ја елиминира Данска со триумф од 2-1 и се пласира во големото финале на Европското првенство, за првпат во историјата. В недела на „Вембли“ во битката за трофејот ќе ги одмери силите со Италија.
Рахим Стерлинг во продолженијата изнуди пенал, а Хари Кејн беше стрелец на победничкиот гол, дури од втор обид, откако Каспер Шмајхел го одбрани неговиот удар од белата точка. Сепак, тој одбиената топка ја испрати во мрежата.
„Направивме голем, огромен чекор. Сега ни преостанува само уште еден чекор до целта. Знаеме што значи фудбалот за нашата земја, енергија, атмосфера, среќа и убави моменти. Ќе прославиме малку, а потоа фокусот е на Италија. Данска беше одличен ривал и знаевме дека не очекува тешка битка. Мислам дека имавме одлично издание и сосема заслужено сме во финалето“, изјави Рахим Стерлинг.
Пеналот што го изнуди во 104.минута, предизвика многу контроверзи, а тој вели дека имало прекршок.
„Дефинитивно беше пенал. Јас влегов во шеснаесетникот, а тој од зад грб ја испружи ногата и стартуваше над мене“, објасни Стерлинг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
