Connect with us

Стефан Спировски презентиран како ново засилување на АЕК Ларнака

Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски и официјално е презентиран како ново засилување на кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака. Тој ги мина медицинските прегледи и потпиша двегодишен договор со клубот.

Спировски им се приклучува на Иван Тричковски и на Даниел Мојсов кои веќе неколку сезони го носат дресот на овој тим.

„Среќен сум што сум тука и дел од АЕК Ларнака. Ќе дадам се од себе во остварувањето на успеси со клубот“, изјави Стефан Спировски за официјалниот сајт на клубот.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови