
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски не е повреден, но има проблеми со новиот тренер на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим. Тој го повлече од игра во 24.минута на натпреварот со Авеш, а потоа и соопшти дека „тој е шефот“ на тимот.
„Ни беше потребна поголема офанзива и одлучив да го внесам Жоване на местото на десниот бек. Дали играчот е вознемирен? Тоа не ниту прашање за дискусија, тука сме сите заедно за да победуваме. Фудбалерите треба да ги прифатат овие ситуации како нормални. Јас одговарам за резултатите, јас сум шефот кој одлучува кој и кога ќе игра и тука нема случај“, изјави новиот тренер на Спортинг Лисабон.
Стефан Ристовски сепак не е повреден и тоа е добрата вест во пресрет на плејоф – мечот против Косово во Лигата на нации.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
