Фудбалската репрезентација на Македонија не само што доби многу честитки поради пласманот на едно европско првенство за првпат во нејзината историја, туку и нејзините претставници добиваат признанија од страна на судиската комисија на УЕФА.
Нашиот најдобар судија, интернационалецот Александар Ставрев ќе го суди дербито во Ф групата во Лига на Европа во Холандија меѓу АЗ Алкмар и моментно лидерот во Примера, Реал Сосиедад, што се игра на 26 ноември.
Во оваа група Аз Алкмар, Реал Сосиедад и Наполи имаат по 6 бодови, додека Риека е без бодови така што овој меч е решавачки за двете екипи.
На Ставрев ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, четврти судија ќе биде Константин Влахо, кој ќе го замени претходно одредениот Димитар Мечкаровски кој се повреди на неделниот меч Шкендија – Шкупи.
Ова ќе му биде 65 натпревар на Ставрев како главен судија во квалификациите за Лига на шампиони и Лига на Европа, или вкупно 121 на меѓународната сцена откако во 2006 година стана меѓународен судија.
Судиската комисија на УЕФА е посебно задоволна од контролите на судењата што ги оценува претседателот на Судискиот одбор на ФФМ Емил Божиновски бидејќи е повторно делегиран како контролор на 1 декември во групната фаза на Лига на шампионите во Москва меѓу Локомотив и Салцбург.
За последните два месеци беше контролор на средбите Атлетико Мадрид – Салцбург, Лудогорец – Тотенхем, Франција – Шведска.
М.М.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski