
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години во периодот од 3 до 8 септември ќе одржи тренинг камп во Кичево.
Нашите млади фудбалери ќе го искористат максимално овој период за да се подготват што е можно подобро за претстојните предизвици што ќе ги очекува оваа репрезентација.
Селекцијата на Македонија до 18 години веќе одигра една контролна средба во новата сезона.
На стадионот во Ѓорче, избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа контролен натпревар против соодветната селекција на Унгарија.
Контролен меч со многу возбудувања и отворена игра, кој заврши без победник 1-1.
На контролниот камп во Кичево, селекторот на репрезентацијата на Македонија до 18 година, Вујадин Станојковиќ ги повика следните фудбалери:
Голмани: Славе Вргов (А.П. Брера), Амар Хаџибулиќ (Работнички), Спаско Ахтаров (Беласица), Даниел Диковски (Македонија Ѓ.П.);
Одбрана: Анес Мелиќи (Шкендија), Теодор Брајкоски (Њу Старс), Нуман Ајетовиќ (Вардар), Бојан Ивчески (Победа), Андреј Љубевски (Работнички), Драган Јанкоски (Вардар);
Среден ред: Мухамед Елмас (Гостивар), Андреј Силјановски (Пелистер), Давид Ристосвски (А.П. Брера), Алтин Нурединовски (Њу Старс), Алмир Подграѓа (Работнички), Александар Анастасијески (Македонија Ѓ.П.), Никола Манојлов (Работнички), Давид Матески (Охрид Лихнидос), Јован Постолов (А.П. Брера), Матеј Гаштаров (Вардар), Јаков Величковски (Стопенберг, Германија);
Напад: Алтин Алији (Македонија Ѓ.П.), Елмас Емуш (Караорман), Веби Ислами (Шкендија), Албин Идризи (Ст. Полтен, Австрија);

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Флоријан Вирц е блиску до потпис со Ливерпул

Интернационалци
Аријан Адеми го напушта Динамо Загреб и ќе игра во Словенија?
