Connect with us

Станковиќ поднесе оставка, Сампдорија размислува дали да ја прифати

Дејан Станковиќ не наиде на успех во првиот ангажман во странство. Сампдорија практично е испадната, бидејќи е на дното на табелата во Серија А со 10 бода помалку од конкурентите.
По убедливиот пораз на „Артемио Франки“ од Фиорентина, тренерот Дејан Станковиќ поднесе оставка.


„Мислев дека ако јас сум проблемот, го прифаќам тоа со големо достоинство. Барем знам дека дадов сѐ од себе и дека не се каам, сто пати би одел по истиот пат. Резултат 5-0 е моја одговорност, затоа е фер да се зборува за тоа“, изјави Станковиќ.

Како што пренесува „Спортиталија“, Станковиќ веќе понудил оставка веднаш по натпреварот, поради што доцнел на прес-конференцијата, но на клубот му требаат 24 часа да ги разгледа опциите.

Сампдорија веќе беше во тешка позиција и пред да дојде Станковиќ да го замени Марко Џампаоло на 6 октомври, со само две ремија од осум кола во Серија А.

Работите само малку се подобрија кај Станковиќ со три победи, шест нерешени и 15 порази.

„Има прозорци и излези во случај на итност. Јас сум емотивна и директна личност. Не знам дали е позитивно или негативно, но во овие моменти има повеќе недостатоци. Мораме да одиме до крај, но ние треба да одлучиме со која брзина одиме. Ако јас сум виновен, го прифаќам тоа. Мора да ги оставиме настрана проблемите кои се надвор, има начини да се загуби и тоа беше неприфатливо“, истакна Станковиќ по поразот.

Доколку Сампдорија испадне, можно е и клубот да банкротира и повторно да биде принуден да се пресели во Серија Д, бидејќи сегашниот претседател Масимо Фереро одби да го продаде на американски инвеститори.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови