Connect with us

Стадионот во Неапол распродаден за мечот со Салернитана, голема е можноста да се слави титулата

Стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол официјално е распродаден за претстојниот натпревар меѓу Наполи и Салернитана од италијанскиот шампионат. Голема е веројатноста домаќините да триумфираат и да ја освојат титулата во Калчото токму на овој натпревар.


Начелно, натпреварот е закажан за в сабота од 16 часот, но клубот побара промена на распоредот, со идеја да се пресели натпреварот в недела од 13.30 минути кога играат уште Интер и Лацио. И од резултатот од средбата во Милано ќе зависи дали „наполитанците“ ќе слават овој викенд титула, бидејќи важно е Лацио да не победи и тимот на Лучијано Спалети да ја добие својата средба.

Капацитетот на „Диего Марадона“ е нешто повеќе од 54.000 седишта. За да се избегнат какви било проблеми, симпатизерите на Салернитана нема да добијат места на стадионот. Поради оваа причина, нивниот сектор засега останува празен, а локалните ултраси сакаат да ги купат и овие места.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови