
МАКФУДБАЛ во Порто,
Фудбалската репрезентација на Македонија загуби со 2-0 од Португалија во бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар. На „Драгао“, пред 50.000 Португалци, за нас кобен беше Бруно Фернандеш, ѕвездата на Манчестер Јунајтед, кој ги постигна двата гола, во 32. и во 65.минута. Првиот по проигрување од Кристијано Роналдо, во 32. минута, а вториот по долгата топка на Диого Жота во 65.минута.
Срцето е скршено, очите насолзени, пропуштена е неверојатна шанса, но душата е полна и благодарни сме за уживањето што ни ги приредија фудбалските херои. Премногу беше, после Италија, да се земе и скалпот на Португалија.
Во 14.минута, првата посериозна шанса ја имаше Кристијано Роналдо. Доби топка во празно и шутираше веднаш со левата нога, но за малку крај голот на Димитриевски. Но, возврати веднаш и Македонија. Блокиран шутот на Алиоски, два корнери во низа, а потоа и опасен слободен удар за Барди. Сепак, без посериозен ефект.
Десет минути подоцна, Диого Жота се закани со удар со глава по корнерот на Бруно Фернандеш, но, за среќа, не беше доволно прецизен.

Трета – среќа за Португалците, во 32.минута. Загубивме топка на средината на теренот, Роналдо брзо го проигра Бруно Фернандеш, а тој од 14 метри со прецизен удар го совлада Столе Димитриевски. По ова, и Диого Жота имаше нова шанса, но не беше прецизен.
Вториот дел почна со навидум помирно темпо, Милевски направи замена на полувреме и го внесе Миовски на местото на Милан Ристовски, а потоа шанса доби и Чурлинов. Македонија тргна поофанзивно, но повторно една грешка во средниот ред беше кобна, Португалците изведоа брз противнапад, а Бруно Фернандеш го заврши со втор погодок, во 65.минута.
Беше јасно дека Македонија нема да може да се врати до крајот. Се обиде Елиф Елмас, но беше блокиран, а Португалците умешно го приведоа мечот до крај.
БАРАЖ ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
ПОРТУГАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 2-0 (1-0)
Стадион „Драгао“. Гледачи: 50.000. Судија: Ентони Тејлор (Англија). Стрелци: Фернандеш 32′, 65′ (Португалија). Ж. картони: Кансело (Португалија), Муслиу, Алиоски (Македонија).
ПОРТУГАЛИЈА: Коста, Кансело, Пепе, Данило, Нуно Мендеш, Бруно, Бернардо, Мутињо, Отавио (77′ Карвалјо), Жота (77′ Леао), Роналдо.
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, С. Ристовски, Велковски, Муслиу, Алиоски, Адеми, Барди, Костадинов (75′ Ашковски), Елмас (86′ Николов), Трајковски (59′ Чурлинов), М. Ристовски (46′ Миовски).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Евро-фудбал
Ливерпул: Скршени сме од болка

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
