
Фудбалската репрезентација на Србија во последен миг избегна пораз (1-1) од Бугарија во Разград. Дарко Лазовиќ во 97. минута постигна гол за израмнување, а Кирил Десподов донесе водство за домаќинот во 47.минута.
Португалија продолжува во победнички стил во квалификациите за ЕВРО 2024 откако Кристијано Роналдо донесе минимален триумф (0-1) со гол во 89.минута од дуелот против Исланд. Тој стана и првиот фудбалер со 200 настапи во националниот тим.
Белгијците ја совладаа Естонија со 0-3, со двата гола на Ромелу Лукаку и погодокот на Јохан Бакајоко.
Молдавија направи супер пресврт и ја победи Полска со 3-2, откако гостите на полувреме имаа водство од 0-2. Јон Николаеску беше двоен стрелец, а победничкиот гол го постигна Владислав Бабохло. Во првото полувреме, Милик и Левандовски стрелаа за Полска.
Босна и Херцеговина дома загуби од Луксембург со 0-2. Боргес Санчез и Синани беа стрелци за гостинската селекција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
