Connect with us

Србите револтирани: Казнете ги Хрватите и Албанците за скандирањата или ќе го напуштиме ЕП!

Хрватска ремизираше против Албанија (2-2) во второто коло од Европското првенство, а овој натпревар предизвика многу бура и поради однесувањето на навивачите.

Албанските и хрватските фанови во одредени периоди од мечот навиваа заедно и скандираа: „Убиј го Србинот“.

На ваквото однесување реагираа од Фудбалскиот сојуз на Србија.

„Фудбалскиот сојуз на Србија бара најостри мерки, па и по цена да не го продолжиме натпреварувањето. Ова е скандалозно и не сакаме да се повторува. Сакаме жестоко да бидат казнети навивачите кои испраќаа неприфатливи пораки. Ќе испратиме апел до УЕФА за случувањата во натпреварот. Тоа што се случуваше нема никаква врска со фудбалот. Не сакаме да го политизираме првенството“, изјави генералниот секретар на ФСС, Јован Шурабатовиќ.

УЕФА претходно ја казни Србија со 14.500 евра поради инцидент на навивачите на натпреварот со Англија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови