
Фудбалската репрезентација на Србија оствари сигурен триумф (4-1) против Луксембург и се искачи на првото место во групата А со 10 бода, колку што имаат и Португалците. Александар Митровиќ беше стрелец на првите два гола за северниот сосед, Луксембург намали преку Оливие Тил, но потоа гостите си постигнаа автогол. Конечниот епилог го постави Никола Миленковиќ во судиското продолжение.
Словенија едвај ја победи Малта со 1-0, а стрелец на победничкиот гол беше Санди Ловрич од пенал во 45.минута од мечот.
Ерлинг Халанд и Мохамед Елјонуси донесоа триумф (0-2) за Норвешка на гостувањето против Летонија, а со идентичен резултат славеше и Русија на гости против Кипар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 ремизираше (2-2) против Унгарија

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
