Србија ја очекува мундијалската премиера и големиот дуел со Бразил и за жал, сѐ поизгледни се шансите селекторот Драган Стојковиќ да го соопшти стартниот состав без Александар Митровиќ. Српскиот напаѓач на последните тренинзи се чувствува многу подобро и речиси ја санираше повредата на зглобот.
Сепак, болките, не исчезнале целосно и затоа стручниот штаб е поблиску до одлуката Митрогол да го пропушти дуелот со Бразил во Лусаил, закажан за в четврток навечер.
Александар Митровиќ за рекордно време успеа да надмине акутниот проблем. Тој е подготвен да игра и со болка, но, сепак, последниот збор во целиот случај ќе го има лекарскиот тим на Србија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













