Македонскиот прволигаш Брера го претстави новото засилување во нападот. Со доаѓањето на шефот на стручниот штаб Бојан Круљ, ќе има и промени во ростерот.
Нов напаѓач на Брера е 27-годишниот Џорџе Ивковиќ. Тој играл за повеќе српски клубови, меѓу кои Колубара, Јединство, ИМТ Белград, Железничар Панчево, а последен негов клуб е Раднички Сремска Митровица, за кој постигна три гола на 17 натпревари минатата есен.
,,Ми преставува посебно задоволство што ќе бидам дел од Брера Струмица – фудбалски клуб кој има јасно дефинирана визија. Имам слушнато за клубот и среќен сум што дојдов овде. Навистина има одлични услови за работа но и како што забележувам доста професионалност во секој аспект што ме радува. Се надевам дека ќе продолжам да постигнувам голови и заедно со тимот ќе ја исполниме целта за втората етапа од првенството“, изјави Ивковиќ.
Брера претходно го ангажираше и Даниел Миловановиќ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski