
Сeр Џим Ретклиф, ко-сопственикот на Манчестер Јунајтед, изразил незадоволство од работењето на спортскиот директор Дан Ешворт во првите пет месеци од неговиот мандат, што кулминираше со спогодбен прекин на соработката. Одлуката била донесена по состанок со Омар Берда, директор на клубот, откако Манчестер Јунајтед загуби од Нотингем Форест на „Олд Трафорд“.
Ретклиф, кој претходно го сметаше Ешворт за еден од најдобрите спортски директори во светот, бил разочаран од неговата инертност во процесот на избор на нов тренер по отпуштањето на Ерик Тен Хаг во октомври.
Ешворт предложил неколку имиња како Марко Силва, Томас Франк и Грем Потер, но не успеал да понуди поинвентивни решенија или да демонстрира доволна посветеност.
Кога клубот го избра Рубен Аморим за нов менаџер, главната улога во неговото доведување ја имал Омар Берда, кој ги организирал преговорите со Спортинг Лисабон. Ешворт, наводно, бил пасивен во овој процес и дури зел годишен одмор веднаш по назначувањето на Аморим, што дополнително го разгневило Ретклиф.
Незадоволството на Ретклиф од Ешворт кулминирало со спогодбен прекин на соработката. Иако Ешворт бил ангажиран за да го стабилизира спортскиот дел на клубот, резултатите и неговата работна етика не ги исполниле очекувањата.
Манчестер Јунајтед сега се наоѓа во турбулентен период, со два последовни порази под водство на Аморим и голем притисок од навивачите за подобри резултати. Клубот ќе мора брзо да најде ново решение за позицијата спортски директор, за да го врати потребниот баланс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
