Македонскиот фудбалски интернационалец Даниел Мојсов се најде во тимот на деценијата на српскиот прволигаш Војводина. Тој настапуваше за клубот од Нови Сад во периодот од 2010 до 2012 година, а според изборот на фановите доби место меѓу најдобрите единаесетмина фудбалери кои настапувале за Војводина по 1.јануари 2010 година, заедно со Душан Тадиќ, кој сега е капитен на Ајакс, и со Сергеј Милинковиќ – Савиќ, фудбалерот на Лацио.
Мојсов за Војводина одигра 55 натпревари и постигна четири гола. За најдобар играч на Војводина во изминатата декада е избран Абубакар Оумару. Во изборот за најдобар тренер најмногу гласови доби Ненад Лалатовиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













