Македонија во четврток на мегдан со Косово во бараж натпреварот за пласман на Европското првенство 2021 година. Фудбалерот за врска Стефан Спировски вели дека ова е најважниот натпревар во неговата кариера потенцирајќи го значењето што капитенот Горан Пандев ќе биде дел од тимот.
„Еден од најважните натпревари во мојата кариера. Ќе играме без публика, но мислам дека ако одиграме добро имаме големи шанси да играме на Европско првенство. Поквалитетен тим имаме исто така и домашниот терен е нашата предност. Треба да дадеме се од себе. Знаеме што е Горан Пандев за нашата репрезентација. Тој е лидер капитен. Многу значи што ќе го имаме на овој натпревар“, вели Спировски.
Натпреварот меѓу Македонија и Косово кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е закажан за в четврток од 20:45 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













