
Левиот бек на Рома, Леонардо Спинацола, откри дека е на половина пат од процесот на опоравување од повредата што ја заработи на Европското првенство.
Италијанскиот репрезентативец беше еден од лидерите во тимот на „аѕурите“ на Европското првенство. Италија ја победи Англија во финалето на „Вембли“, но Спинацола не можеше да му помогне на својот тим. Тој ја скина Ахиловата тетива во четвртфиналето со Белгија, една од најтешките повреди за сите спортисти, и во моментов се опоравува.
„Добро сум. Ги фрлив патериците. Се оди добро, а јас напорно работам. На половина сум од процесот на опоравување. Ќе поминат уште два или три месеци. Имам околу 75 дена до враќање на теренот, ако се биде добро”, откри Спинацола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
