
Во обид да останат во најдобра форма, фудбалерите користат различни методи и надвор од теренот за тренинг. Една од нив е спиење со леплива лента преку устата, техника што ја применува и Ерлинг Халанд. Веќе некое време, овој вирален тренд ја зафати и Премиер – лигата.
Лепливата лента преку устата го принудува телото да дише низ нос за време на спиењето и влијае на физичката подготвеност на играчите.
Лепливата лента му помага на Халанд да го забави дишењето, да спречи сушење на грлото и да го намали бројот на несакани честички што влегуваат во организмот. Покрај тоа, телото развива навика за дишење низ нос, што позитивно влијае на циркулацијата на крвта и мускулите при спортски активности, пишува „АС“.
Стручњаците веќе предупредија за овој тренд, а некои лекари го нарекоа „еден од најопасните“ за кој неодамна слушнале. Апнејата, опасноста од задушување во случај на затнат нос и можноста за гушење при повраќање се меѓу потенцијалните ризици.
Гостувајќи во подкастот на Логан Пол, норвешкиот напаѓач призна дека користи разни трикови за да биде во врвна форма.
„Движење, тренинг, биомеханика – правам сè за да го доведам телото до оптимална работа. Спиењето е најважно“, изјави тој и му порача на Пол: „Обиди се, зошто да не? Или направи го тоа додека тренираш. Ќе ти биде малку потешко. Јас го правам тоа, така спијам.“
„Ако ви е затнат носот (поздрав до алергичните) или имате проблеми како девијација на носниот септум, лепењето на устата може да доведе до сериозни проблеми. Замислете да се разбудите сред ноќ и да не можете да дишете. Не е баш ‘убав сон’ каков што сте посакувале“, изјавил лекар, чиј коментар го пренесува „givemesport“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Прва лига
Муарем Муарем е нов тренер на Башкими

Интернационалци
Виктор Треневски ќе биде тренер на црногорски третолигаш

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија
