
Од Манчестер Јунајтед ја разгледуваат можноста за сензационална размена која би ги вклучувала Виктор Осимен и Маркус Рашфорд. „Црвените ѓаволи“ сакаат да ги засилат офанзивните редови, а Виктор Осимен е една од нивните главни цели.
Нигерискиот напаѓач минатото лето влезе во конфликт со раководството на Наполи и беше испратен на позајмица во Галатасарај, и покрај тоа што беше еден од клучните играчи за освојувањето на титулата пред една и пол година. Според различни медиумски извештаи, тој има ослободителна клаузула во висина од 62 милиони фунти.
Се верува дека Манчестер Јунајтед ќе се обиде да ја намали оваа цена, нудејќи го Маркус Рашфорд како дел од размената. Играчот од младинската школа на Јунајтед веќе не е во плановите на тренерот Рубен Аморим и нема настапено на последните пет натпревари на тимот, а во четири од нив не беше ниту во составот.
Рашфорд одбил неколку примамливи понуди од Саудиска Арабија, бидејќи има намера да остане во Европа и би прифатил трансфер само во тим кој е конкурентен и се бори за трофеи. Доколку се реализира трансферот на „Диего Армандо Марадона“, Рашфорд би можел повторно да заигра заедно со својот поранешен соиграч Скот Мектоминеј, кој летово се пресели во Наполи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи тргнува по потписот на Лоренцо Лука

Евро-фудбал
Севилја го избра Матијас Алмеида за нов тренер
