Мегапресметката меѓу Ливерпул и Манчестер Сити на „Енфилд Роуд“ донесе многу возбудувања, но заврши 1-1, а на тој резултат се чини дека најмногу се израдува третиот конкурент за титулата, Арсенал, кој останува на врвот. Арсенал има 64 бода, исто колку и Ливерпул, а Манчестер Сити досега освои 63.
Џон Стоунс во 23.минута донесе водство за Манчестер Сити, откако одлично реагираше по корнерот на Кевин де Бруин.
Ливерпул израмни на почетокот на вториот дел. Дарвин Нуњез украде топка пред Едерсон, кој направи пенал, а сигурен реализатор беше Алексис Мекалистер.
До крајот, и двете екипи имаа одлични шанси, Луис Дијаз, Мохамед Салах, Фил Фоден, Жереми Доку во финишот го погоди дирекот, но Ливерпул и Манчестер Сити поделија по еден бод.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













