МАКФУДБАЛ во Рим,
Никола Ѓуровски
Италија утревечер ја пречекува Македонија на „Олимпико“, а селекторот Лучијано Спалети верува дека неговите избраници со помош на публиката ќе остварат триумф. Продадени се повеќе од 54.000 билети, поддршката ќе им биде неопходна и треба да ги носи „аѕурите“ до посакуваната цел.
„Од првиот меч со Македонија, до овој утрешниот поминаа два месеци. Фудбалската селекција на Италија се промени, анализиравме многу, но најважното за нас е да одиграме добар меч и да победиме. Важна е играта, но за нас сега секако е најважен резултат. Знаеме дека мора да победиме. Македонија покажа дека е квалитетна селекција и посебно е непријатна за нас. Но, тоа ќе треба ние да го промениме“, изјави Лучијано Спалети.
Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра утревечер, со почеток во 20.45 часот, на Олимпискиот стадион во Рим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)













