Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, зборуваше по поразот на неговиот тим со 1-3 од Франција во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на нации.
„Сè можеше да оди многу помазно, но попуштивме по еден корнер. Играта беше израмнета и чувствувавме дека можеме да се вратиме, но направивме нови грешки. Потоа Франција се затвори и беше тешко да се најдат слободни простори пред нивниот гол. Еден од главните проблеми беше што требаше подобро да ја контролираме топката“, изјави Спалети.
Натпреварот беше директна пресметка за првото место во групата 2 од Лига А.
„Аѕурите“ не успеаја да завршат како лидери во генералниот пласман, но напролет ќе играат во четвртфиналето на турнирот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













