Италија успеа да оствари триумф од 5-2 над Македонија на „Олимпико“ и во последното коло против Украина ќе се бори за второто место во групата. Тоа значи и пласман на ЕВРО 2024, заедно со лидерот Англија.
Селекторот на италијанскиот национален тим, Лучијано Спалети, истакна дека повеќе му се допаднало второто полувреме на својата селекција, иако тогаш Македонија постигна два гола.
„Повеќе ми се допадна второто полувреме, иако во првиот дел имавме 3-0. Ми се допадна многу нашата рекација по примените два гола бидејќи не ја загубивме концентрацијата и на крајот успеавме да стигнеме до триумф од 5-2“, изјави Спалети.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













