
Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Лучијано Спалети, изјави дека неизвесноста и зголемената конкуренција во италијанското првенство се добри и за неговата селекција.
„Тоа е добро за репрезентацијата. Им честитав на моите играчи затоа што ова е одлична сезона која вреди да се следи, со одличен фудбал и одлични натпревари. Оваа зголемена конкуренција е добра за сите. Помалку познатите тимови создаваат потешкотии на екипите на врвот од табелата, што претставува напредок за нашиот спорт,“ изјави Спалети на прес-конференција.
Во Серија А, по 12 одиграни кола, шест водечки екипи се наоѓаат во два бода разлика. Наполи е лидер со 26 бодови, а потоа следат Аталанта, Фиорентина, Интер и Лацио со по 25 бодови, додека Јувентус е шести со 24 бодови.
Спалети е посебно задоволен од играта на напаѓачот на Аталанта, Матео Ретеги, и напаѓачот на Фиорентина, Моисе Кин, кои водат на листата на најдобри стрелци во Серија А со 11, односно осум голови.
„Тие покажуваат токму она што се надевав дека ќе го видам од нив. Среќен сум што ги гледам меѓу најдобрите стрелци на нашето првенство. Кин е во одлична форма“, изјави Спалети, коментирајќи го хет-трикот на Кин во претходното коло на Серија А.
Фудбалерите на Италија во четврток гостуваат кај селекцијата на Белгија во натпревар од петтото коло во Групата А2 од Лигата на нации. Италија води во оваа група со 10 бодови, Франција е втора со девет, Белгија е трета со четири, а Израел е на последното место без бодови.
Последниот натпревар во групната фаза на Лигата на нации, Италија ќе го игра во недела во Милано против Франција.
На Италија ѝ е потребен само еден бод во следните два натпревари за пласман во четвртфиналето на Лигата на нации и прв шешир во ждрепката за квалификациите за Светското првенство, но Спалети истакнува дека тоа нема да биде лесно да се постигне.
„Изгледа лесно, само еден бод, но тоа нема да биде нашиот начин на размислување. Ако влеземе во овие натпревари размислувајќи само за тоа, ќе направиме грешка. Ќе бидат тешки натпревари, не можеме да бидеме дрски“, додаде тој.
Италија ќе ги одигра претстојните два натпревара без повредениот играч за врска на Торино, Самуеле Ричи, а него ќе го замени играчот на градскиот ривал Јувентус, Мануел Локатели, кој не беше во репрезентацијата од март годинава.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
