Европскиот првак Италија загуби од Шпанија со 1-0 и ќе мора на дуелот против Хрватска во третото коло да бара пласман во нокаут фазата од ЕВРО 2024.
Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, го призна поразот, дури и вели дека можел да биде изразен со повеќе голови во мрежата на Донарума.
„Имаше преголема разлика. Тие ни создадоа многу повеќе проблеми од што тоа го покажува резултатот. Континуирано бевме развлечени, никогаш не успевавме да го затвориме просторот меѓу линиите, а Шпанија ни правеше континуирани проблеми. Кога ја одземавме топката, имавме проблеми да ја задржиме во наш посед, а кога тие ја одземаа, ние не можевме да ја вратиме. Направивме многу грешки при едноставни додавања, а тоа не можеш да си го дозволиш против Шпанија“, изјави Спалети.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













