
Каков и да е резултатот, сакам Италијанците да се гордеат со нас. Сакаме да бидеме позитивен пример за припадност, за припадност на Италија, изјави селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Лучијано Спалети, во најава на Европското првенство каде ќе ја брани титулата.
„Тоа и треба на оваа земја и сакаме да докажеме дека можеме да го реализираме“, додаде Спалети.
Пред ЕП 2024, кое започнува на 14 јуни во Германија, Италија е во позитивна серија од само еден пораз во последните 10 натпревари.
„Сакаме да покажеме дека сме на висина на задачата, без оглед на тоа како натпреварите ќе ги средат нашите приказни и судбини. Ова е најдобрата гаранција кон која се стремиме“, изјави Спалети.
Сепак, има сериозни прашања за нивото на неговиот тим во однос на оној кој ја победи Англија во финалето на ЕП 2021 на стадионот „Вембли“ во Лондон, дали Италија има шанса да ја одбрани титулата.
„Да се биде актуелен шампион е мотивација“, потенцира селекторот.
Само девет играчи од тимот што триумфираше на ЕВРО 2021 најверојатно ќе патуваат во Германија, но Италија може да смета на уште една победничка основа.
Спалети сака неговите играчи да се чувствуваат горди што го носат дресот на Италија и предупреди дека ќе ги избрка „оние кои мислат дека репрезентацијата е мала работа“.
Италијанците на 4 јуни во последната контрола ремизираа со Турција – 0:0, а на 9 јуни ќе играат против Босна и Херцеговина во последниот тест пред почетокот на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
