Connect with us

Спалети прогласен за најдобар тренер во Италија

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, е добитник на престижната награда „Енцо Беарцот“ која се доделува на најдобриот тренер во Италија за тековната сезона.


Спалети има фантастична сезона на клупата на Наполи. Клубот од Неапол е на прагот на шампионската титула во Серија А, прва по 1990 година и легендарниот Диего Армандо Марадона, а искусниот стручњак се погрижи тимот да функционира беспрекорно.

Наполи моментно има дури 19 бода повеќе од второпласираниот Лацио во Серија А и наскоро, секако, ќе стане шампион.

Покрај тоа, „наполитанците“ се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампионите, каде ривал ќе им биде Милан.

Наградата за најдобар италијански тренер во претходните години ја освоија Карло Анчелоти, Роберто Манчини и Роберто Де Зерби.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови