Connect with us

Спалети: Победата над Македонија е задолжителна

Фудбалската репрезентација на Македонија в петок ќе гостува на „Олимпико“ и ќе ги одмери силите против актуелниот европски првак Италија. „Аѕурите“ се во трка за втората позиција со Украина, но селекторот Лучијано Спалети вели дека претходно за нив е задолжително да ја победат Македонија. Потоа, во последното коло, Италија ќе има директен дуел против Украинците.


„За нас, победата на првиот натпревар ни дава предност во однос на вториот, па треба да посветиме големо внимание. Потоа може да има некои промени на играчите со оглед на двата врзани натпревари во биза, но, без разлика на сѐ, јас не правам една формација за првиот натпревар и друга за вториот. Јасно е дека нешто ќе се промени, но мора да одиме чекор по чекор. Јасно е дека мора да ја победиме Македонија“, изјави Лучијано Спалети на денешната прес-конференција.

Тој има и проблеми со здравствениот билтен на дел од фудбалерите.

„Камбијасо има удар во скочниот зглоб, Кристанте проблем со мускулот, Локатели го испративме дома, а Жоргињо има конци во главата по последниот меч на Арсенал. Но, лекарскиот тим ќе го има последниот збор“, изјави Спалети.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови