Лучијано Спалети воодушевено зборуваше по синоќешниот натпревар за повратникот во редовите на „аѕурите“, Сандро Тонали.
Во Лигата на нации, италијанската репрезентација со пресврт ја совлада Франција со 1-3 во Париз.
Федерико Димарко, Давиде Фратези и Џакомо Распадори постигнаа голови за Италија, откако Бредли Баркола го отвори резултатот по само 14 секунди.
По натпреварот свој коментар даде и Лучијано Спалети.
„Голот на Димарко беше клучен бидејќи многу брзо одговоривме на голот на Франција. Важно е да се биде тим и да се има тимски дух. Се разбира, секогаш можеме да подобриме нешто во самата игра. Натпреварот беше многу интензивен, а секоја мала ситуација можеше да создаде лудило. Тука е најважна менталната сила, бидејќи постои страв дека нема да успеете да постигнете нешто. Мораме да го изгасиме стравот во нашите глави“, рече Спалети и се осврна на Сандро Тонали:
„Тонали беше фантастичен. Се плашевме дека нема да може да игра 90 минути, но беше одличен.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













