
Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети ги објави 26-те фудбалери кои ќе ја претставуваат Италија на Европското првенство во Германија, каде бранителите на титулата освоена пред три години во Лондон ќе играат со Хрватска, Шпанија и со Албанија во групната фаза на турнирот.
Настапот на шампионатот Италија ќе го отвори против селекцијата на Албанија в сабота на 15 јуни (21 ч.) во Дортмунд. Втор противник ќе им биде Шпанија, на 20 јуни (21 ч.) во Гелзенкирхен, а на 24 јуни (21 ч.) во Лајпциг избраниците на Спалети ќе ги одмерат силите со Хрватска.
На списокот на Спалети се најдоа следните имиња…
Голмани: Џанлуиџи Донарума, Алекс Мерет, Гилjемо Викарио;
Одбрана: Алесандро Бастони, Раул Беланова, Алесандро Бонџорно, Рикардо Калафиори, Андреа Камбијасо, Матео Дармијан, Џовани ди Лоренцо, Федерико Димарко, Федерико Гати, Џанлука Мансини;
Среден ред: Николо Барела, Брајан Кристанте, Николо Фаџоли, Мајкл Фолорунсио, Давиде Фратези, Жоргињо, Лоренцо Пелегрини;
Напад: Федерико Киеза, Стефан Ел Шарави, Џакомо Распадори, Матео Ретеги, Џанлука Скамака, Матијас Закањи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
