Connect with us

Спалети: Не бевме добри како обично…

Лидерот на табелата во Серија А, тимот на Наполи, беше елиминиран од Купот на Италија по изведување пенали од последнопласираниот тим Кремонезе. Во регуларниот тек мечот заврши 2-2.


Тренерот на „наполитанците“, Лучијано Спалети, објаснување за поразот побара во невниманието и грешките на тимот.


„Не бевме толку добри како обично. Видовте колку лошо ја контролиравме топката, иако ја контролиравме играта. Освен неколку моменти, нашите противници не можеа многу да направат. Примивме гол во ситуација кога ја загубивме топката пред шеснаесетникот“, изјави Спалети.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови