Тиквеш по повеќе од една деценија се враќа во македонската фудбалска елита. Досегашниот второлигаш славеше во баражот за пополнување на Првата фудбалска лига против Силекс со 1-0. Беше тоа возбудлив дуел на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Тиквеш го совлада Силекс, кој е и актуелен освојувач на Купот на Македонија, со 1-0, со голот на младиот крилен напаѓач Едиз Спахиу. Тој во 54.минута и побегна на одбраната на Силекс и откосо од десната страна успеа да го совлада Даниел Божиновски.
Спахиу имаше одлична шанса и во првиот дел, но тогаш голманот на Силекс бее поуспешен, како и при шутот на Симеон Христов со глава. Силекс нападна во финишот од мечот, а Столе Димовски имаше фантастична интервенција во 80.минута.
Ренова и Силекс ќе одлучуваат преку пенали за патникот во Првата лига, откако во регуларниот тек баражот на комплексот на ФФМ заврши 2-2.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski